| четврток, 6 декември 2018 |

На секои 10 секунди алкохолот одзема живот

alkoholКонзумирањето алкохол е одговорно за 3,3 милиони смртни случаи во целиот свет во текот на 2012 година, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО). Алкохолот не доведува само до зависност, туку може да го зголеми ризикот за заболување дури на 200 болести вклучувајќи ја туберкулозата и воспаление на белите дробови.

– Кога сето тоа ќе се земе предвид се доаѓа до податок дека алкохолот предизвикува по една смрт секои десет секудни, рече Шехар Саксен од Одделението за ментално здравје и зависност од дрога при СЗО.

Во извештајот се наведува дека секое лице на светско ниво на возраст од 15 години па нагоре, пие по 6,2 литри чист алкохол годишно. Меѓутоа, помалку од половината светска популација не пијат алкохол, што значи дека луѓето кои го конзумираат внесуваат во просек околу 17 литри чист алкохол годишно.

Мажите почесто од жените ќе доживеат смрт поврзана со алкохолот иако конзумирањето алкохолни пијалоци е во пораст и меѓу женската популација. Посебно распространет е проблемот меѓу сиромашното население, се наведува во извештајот каде пишува дека Европа има најголема потрошувачка по глава на жител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top