| четврток, 6 декември 2018 |

Најубавата куќа со поглед на океан во Австралија (ФОТО)

Една од најубавите куќи во светот се наоѓа на 40 метри над австралиските песочни плажи Феархевн (Fairhaven).

најубава-куќа-над-плажа-_2

Вилата е дизајнирана од страна на реномираното австралиско студио Ф2, зад кое стојат архитектите Франко Фиорентини и Френк Мариоли. Оригиналната куќа е изградена уште во 1978 година, но минатата година била урната за да на истото место никне нова модерна градба, која нуди сè за совршен одмор.

најубава-куќа-над-плажа-_4

Старата куќа била изградена од дрво и заради влажната морска клима во текот на изминатите години значително пропаднала. Новиот дизајн на куќата ги искористува сите можни предности на својата позиција и има голем стаклен ѕид преку кој гостите можат да уживаат во погледот на океанот и бескрајните плажи.

најубава-куќа-над-плажа-_3

 

најубава-куќа-над-плажа-_6

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top