| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: „Ги научивме лекциите за фер плеј од Барселона“

На прес конференцијата пред натпреварот, Мурињо изјави дека тимот е во добра форма и ги исмеа коментарите на асистентот на Барселона , Жорди Роура, кој имаше негативни коментари за судијата Ундиано Маљенко

„Атмосферата е нормална. Овој натпревар го очекувавме со нетрпение. Сите сакаат да играат. Сакам тешки дуели од оваа пропорција во кои нема тензии. Затоа и сме потготвени да играме. Сакаме натпреварите против Барселона и Манчестер да дојде брзо“.

„Ни самиот не знам кои ќе биде стартните 11. Не е дека не сакам да ви кажам“.

„Повеќе сакам да зборувам за лекциите научени против Барселона во минатото. Лекции за фер плејот, за тоа како не треба да се прави притисокот кон судиите, не опкружувајќи ги, со цел противниците да добијат картони и очигледно околу начинот на кој се игра фудбал, што ние добри ги научивме“.

Мурињо смета дека поразот од Милан нема да има никакво влијание на играта на Барса на денешниов натпревар.

„Мислам дека таквите работи едноставно не се важат кога станува збор за дуел меѓу два големи гиганти. Овој натпревар нема ништо заедничко со претходниот. Има преголема разлика меѓу нив. Не се поврзани.Ќе пробаме да играме најдобро според нашите способности и тоа е тоа“.

Извор: klizac.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top