Консумирањето алкохол е одговорно за 3,3 милиони смртни случаи во целиот свет во текот на 2012 година, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО).
Алкохолот не доведува само до зависност, туку може да го зголеми ризикот за заболување дури на 200 болести вклучувајќи ги туберкулозата и воспаление на белите дробови.
– Кога сето тоа ќе се земе предвид, се доаѓа до податок дека алкохолот предизвикува по една смрт на секои десет секунди – рече Шехар Саксен од Одделението за ментално здравје и зависност од дрога при СЗО.
Во извештајот се наведува дека секое лице на светско ниво на возраст од 15 години па нагоре, пие по 6,2 литри чист алкохол годишно.
Меѓутоа, помалку од половината од светската популација не пие алкохол, што значи дека луѓето што го консумираат внесуваат во просек околу 17 литри чист алкохол годишно.
Мажите почесто од жените ќе доживеат смрт поврзана со алкохолот иако консумирањето алкохолни пијалаци е во пораст и меѓу женската популација.
Посебно распространет е проблемот меѓу сиромашното население, се наведува во извештајот во кој пишува дека Европа има најголема потрошувачка по жител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



