Силниот пороен дожд и надојдените води од Радовишка река, го поплавија Радовишко поле и урнаа два моста кај селата Покрајчево и Злеово, а мостот кон селото Јаргулица што ги поврзува со магистралниот пат Струмица – Штип е во критична состојба.
Поради уривањето на мостот, околу 1.500 жители од селото Злеово се целосно отсечени, затоа што тој им е единствена комуникација кон Радовиш и Струмица.
Поради поплавата сите земјоделски култури во Радовишко поле се под вода, поради што на земјоделците им е нанесена голема штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.