Од денеска почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење на скутери е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро. Чамците, пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.
Ограничувањата за пловидба на скутерите, според првиот човек на Капетанијата, Горан Устијаноски, се за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата.
Инспекторите, како што посочи, постојано се на терен, без разлика на викенд или празник. За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра, но Устијаноски нагласи дека прво постапуваат едукативно и превентивно со советување.
– Постојат прекршоци за кои веднаш можеме да издадеме забрана, веднаш да сакнционираме, но постојат некои недостатоци каде што можеме да посоветуваме, да дадеме рок до кога може да се средат, отстранат недостатоците. Доколку тој рок не се испочитува, тогаш стапува во сила забрана за пловидба, но ако се продолжи со пловење и понатаму се изрекува и глоба – појасни Устијаноски.
Заради безбедносни причини, ноќе ќе биде забрането пловењето на чамците по езерските води.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.