| четврток, 6 декември 2018 |

Саркози приведен во полиција на сослушување

Sarkozy grilled over campaign donations

Никола Саркози, поранешниот француски претседател, од изутринава се наоѓа во просториите на судската полиција во Нантер, јави дописникот на МИА од Париз.

Според француските медиуми, засега не се знае дали Никола Саркози е повикан на сослушување само како сведок или, пак, му е изречен притвор.

Неговото појавување пред истражните органи следува само еден ден откако првиот генерален адвокат на Касациониот суд на Франција (Врховен суд), Жилбер Азиберт, вчера беше уапсен во неговиот дом во Бордо.

За него и за уште еден висок судски функцинер постои сомневање дека доставувале на Никола Саркози доверливи информации поврзани со случајот Бетанкур, во кој се споменува името на поранешниот француски претседател како можен корисник на финансии од најбогатата Французинка. Покрај овој висок судски функционер на кого му е изречена мерка притвор, уапсен е и адвокатот на Никола Саркози, Тјери Херцог, со исто обвинение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top