Иако многумина му оддадоа почит на денот кога почина, јавноста никогаш не откри каде почива легендарниот пејач на групата „Queen“, Фреди Меркјури, кој почина во 1991 година на 45-годишна возраст. Меѓутоа еден фотограф во текот на оваа недела на „Кенсал грин“ гробиштата во Лондон, открил надгробна плоча со натпис „Овде почива во мир Фарох Булсар“.
Фарох е вистинското име на овој славен пејач, кој потекнуваше од Занзибар. Членовите на семејството сеуште не ја потврдиле, ниту ја демантирале веска дали станува збор за Фреди Меркјури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.