| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Богородица

Министерството за внатрешни работи ги објави деталите од страотната недела која утрово се случи на излезот од Македонија.

Утрово околу осум часот, на автопатот кон граничниот „Богородица“ кај клучката Гевгелија се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „тојота авенсис“ со белгиски регистерски ознаки управувано од М.В.(68), удрило во товарно возило со скопски регистерски ознаки, при што на лице место починала сопатничката на патничкото возило Марија Д.(67) од Белгија, додека возачот се здобил со тешки повреди.

Увидот е во тек, а сообраќајот е пренасочен низ с.Богородица.

Повредениот сопруг на загинатата Белгијка сѐ уште не знае дека неговата сопруга настрада во тешката сообраќајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top