| четврток, 6 декември 2018 |

Русија отвори истрага за убиството на снимателот на „Канал 1“ во Донецк

Во Русија е отворена истрага за синоќешното убиство на снимателот на руската телевизија „Канал 1“, Анатолиј Клијан, во Доњецк, во источна Украина, изјави денеска портпаролот на рускиот истражен одбор Владимир Маркин.

– Отворена е кривична постапка за убиството на Анатолиј Клијан во Донецк врз основа на член 356 од рускиот Кривичен закон (убиство на лице на должност на општествено опасен начин) – потврди Маркин за „Гласот на Русија“.

Истражниот одбор на Руската Федерација претставува главен истражен орган во Русија и директно му е подреден на шефот на државата. Ова тело често пати го опишуваат како  „руското ФБИ“.

По повод смртта на Клијан се јави и руското Министерство за надворешни работи кое наведе дека смртта на снимателот во  регионот на Донецк докажа дека Украина се противи на деескалацијата на вооружениот судир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top