| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонија ќе го зголеми бројот на стипендии за македонските студенти

Sredba PVRM Nikola Gruevski-Takao Makina-2(1)Премиерот Никола Груевски и членовите на владината делегација во Токио, во рамките на официјалната посета на Јапонија, имаа средба со влијателни членови на јапонскиот Парламент кои ги предводеше Такао Макино, заменик министер за надворешни работи на Царството Јапонија. Изразено е задоволство од политичките односи како и подготвеност за продлабочување на односите на полето на општествените сфери, образование и здравство. Беше истакната и подготвеност за унапредување на економските односи помеѓу двете земји.

Sredba PVRM Nikola Gruevski-Takao Makina-2Нагласена е подготвеност за продолжување на унапредување и на парламентарната соработка помеѓу двете земји, за која цел ќе се стави засилен ангажман на процесот на креирање на група за соработка со Република Македонија во рамките на јапонскиот Парламент со што би се проширила и основата за креирање на соработка во разни области.

Sredba PVRM Nikola Gruevski-Takao Makina-3Јапонскиот парламентарец и заменик министер за надворешни работи Макино го информираше премиерот Груевски дека Јапонија ќе го зголеми бројот на јапонски стипендии за македонските студенти за студирање на постдипломски студии на јапонските државни и приватни универзитети.

Премиерот Груевски ја истакна нашата заложба за унапредување на односите на полето на образованието, при што истакна дека македонската Влада е подготвена да стипендира јапонски студенти кои би имале интерес за студии на Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле“.

Соговорниците разговараа и за можностите за унапредување на соработката на полето на јавното здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top