| четврток, 6 декември 2018 |

Италија од утре ја презема ЕУ

italy-eu-flagДенеска е последниот ден од шестмесечното претседавање на Грција со Европската унија, а кормилото од утре го презема Италија.

Во Атина по овој повод ќе биде оддржана скромна церемонија, во согласност со  ветувањата на Грција дека нејзиното претседавање ќе мине  во знакот на штедење.

Италијанскиот премиер Матео Ренци, во среда, на 2 јули, на пленарна седница на Европскиот Парламент, во Стразбур, ќе ги претстави приоритетите за следните шест месеци.

Како што претходно беше најавено, Италија во текот на своето претседавање првенствено ќе се ориентира на стопанскиот раст и вработувањето, а мандатот ќе почне со серија неформални состаноци на министерско ниво.

По Италија, претседавањето со ЕУ од 1 јануари 2015 година ќе го преземе Летонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top