Греманскиот репрезентативец и играч на Баерн Минхен, Тони Крос, е пред потпис со европскиот шампион Реал Мадрид. Преговорите за трансфер во најтрофејниот тим во Европа се во завршна фаза и тој би можел во следните неколку дена да стави потис на петгодишен договор.
Од Баерн не сакаа да слушнат за трансфер на еден од најдобрите играчи на баварскиот гигант, но ако не го продадат ова лето, следното Крос е слободен играч и може да замине без никакво обесштетување.
Од управата информираат дека ја разгледуваат понудата која би требало да биде помеѓу 25 и 30 милиони евра.
Германецот веќе ги договорил личните услови со Реал за годишна плата од пет милиони евра. Тој треба да биде замена за неговиот сонародник Сами Кедира, кој, најверојатно, ќе го напушти кралскиот клуб и ќе замине во некои од англиските гиганти.
Во секој случај, Реал ќе добие одлично засилување на средината на теренот, кое беше на листата на желби на тренерот Карло Анчелоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
„Баварците“ повторно купуваат од Хофенхајм: Сандро Вагнер е нов напаѓач на Баерн Минхен


