Една пакистанска тинејџерка им подлегнала на повредите откако со бензин ја полеало и ја запалило момчето чија понуда за брак ја одбила девојката, соопшти денеска полицијата.
Ова е второ брутално убиство во провинцијата Пенџаб во рок од само неколку дена, откако една 17-годишна девојка и нејзиниот супруг биле убиени од роднини на младата, бидејќи се венчале против нивна волја.
Сидра Саукат (18) била сама во куќата кога Фајаз Аслам (22), чија брачна понуда нејзиното семејство ја одбила, влегол, ја полеал со бензин и ја запалил, изјави локалниот полициски началник Мохамад Акрам.
Инцидентот се случил во саботата во едно село крај градот Тоба Тек Синг.
-Девојката со тешки изгореници била префрлена во локалната болница, а потоа во главната, но на пат до таму им подлегнала на повредите – додаде Акрам.
Момчето е уапсено и против него е покренато обвинение.
Уште една тинејџерка (17) и нејзиниот супруг (31) во четвртокот вечерта биле убиени од таткото на девојката, нејзините двајца чичковци, дедото и мајката во истата провинција, бидејќи се венчале против нивна волја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.