„Спорт топ 100 до полноќ“ – е првиот од серијата најавени летни настани во организација на „Клубот Матица“, со кои се одбележува 15-та по ред акција „Со книга на плажа“.
Честа да го одбележат стартот на акцијата посветена на пишаниот збор ќе им припадне на македонските спортисти, во чие друштво сите посетители на „Матица“, освен во книгите, ќе имаат можност да уживаат и во натпреварите од Светското фудбалско првенство во Бразил. Преку навивање и забава, домаќините на првиот од низата планирани настани во рамките на кампањата „Со книга на плажа”, во случајов македонските спортисти, со посетителите ќе ги споделат своите омилени наслови и воедно заеднички ќе го следат мечот меѓу САД и Белгија.
Настанот ќе се одржи во утре, на 1 јули, а предвидено е да почне по зајдисонце и да трае сѐ до полноќ, и тоа пред платото на „Клубот Матица“, на „Булеварот на книгите“.
Атмосфера и навивачката еуфорија ќе бидат надополнети со 100 препорачани наслови по суперцени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
„Купи книга, подари насмевка“ на Булеварот на книгите (галерија)