Очекувано, филмот „Арго“ го освои „Оскарот“ за најдобар филм, но, еден човек сосема поинаку гледа на филмот, а тоа е Кенет Даглас Тајлор, попознат уште и како Кен Тејлор, 78-годишниот претседател на компанијата „Тејлор и Рајан“, кој во 1979 година бил канадски амбасадор во Техеран. Тој е личноста во чија амбасада три месеци биле скриени вработени во американската амбасада кои што побегнале откако Иранците ја заземаа американската амбасада. Иранците за заложник зеле 52-годишен вработен и само тој ја знае целата вистина за начинот на кој шестмината успеале да победат од Пехеран. Поради тоа се смета дека филмот не соодветствува со фактите.
– Филмот е забавен и возбудлив, но Канада не стоеше настрана и немо го гледаше ослободувањето на американските дипломати. Во таа акција, ЦИА беше нашиот помлад партнер – тврди Тејлор.
Тајлор потсетува дека тоа не биле денови со кои ЦИА и американската надворешна политика би се гордееле. Во 1980 година, во акцијата „Егл клоу“ американските командоси се обиделе да ослободат 52 американски дипломати кои биле заложници во американската амабасада. Акцијата пропаднала, а осум командоси загинале. За три месеци Тејлор и неговите колеги од канадската амбасада успешно криеле шест американски диполмати кои успеле да побегнат од американската амбасада по нападот на Иран. Тие се грижеле за нив, им доставувале информации на американските тајни служби за состојбата во Техеран и можноста диполматите да се префрлат тајно во Америка. Тајлор бил канадски шпиун за Америка, на барање на американскиот амбасадор Џими Картер, со одобрение на тогашниот канадски премиер.
За Тејлер не е воопшто чудно што дејствието на филмот „Арго“ се одвива во Лос Анџелес, а помалку во Техеран. Тоа е така бидејќи ни Тони Мандез, агентот кој го глуми Бен Афлек, режисерот на „Арго“, ни тогашниот претседател Картер не знеле премногу за ситуацијата во Техеран.
Филмот „Арго“ се заснова на книгата која ја напишал Тони Мендез, а кога Тејлор пред неколку години разбрал дека Мендез им ги продал автрорските права на Холивуд, не бил многу загрижен. Во книгата е точно наведено дека канадските диполмати имале клучна улога во ослободувањето на шесте американски диполмати. Но, му било сомнително како ќе изгеда целиот филм со оглед дека во Мендез во Техеран бил само еден и пол ден. Сомнежите се покажале исправни во истиот момент кога Пејџ Лонг, актерката која глуми во филмот телефонски ја побарала сопругата на Тајлер за да и раскаже што се случило во Техеран.
– Тоа што ми го раскажавте не е нужно да се прикаже и на филмот – и рекла Лонг на сопругата на Тејлор.
Филмот лани беше прикажан на филмскиот фестивал во Торонто, а Тејлор воопшто не бил ни повикан на премиерата, иако токму тие денови бил во Торонто. Негови пријатели биле на премиерата и бие огорчени од фактот дека сите заслуги за операцијата си ги презеле ЦИА, иако по ослободувањето на дипломатите во Америка се печателе маици со принт „Благодариме Канада“.
Потоа следеше медиумска лавина. Новинарите секојдневно го бараа Тејлор и конечно Афлек телефонски го побарал и го прашал: „Имаш ли проблеми со филмот?“, но што тој му одговорил потврдно. Поради тоа Афлек го повикал Тејлор и неговата сопруга во Лос Анџелес, му го прикажал филмот и му понудил на одјавната шпица да напише дека ослободувањето на дипломатите било акција во која на ЦИА и помогнала и канадската амбасада. Тоа е и сторено, но тој чин не и помогнал многу на канадската диполматија. Посебно што Тејлор го организирал бегството на американските диполмати со утрински лет и тоа со канадски пасоши. Иранците подоцна сфатиле дека се изиграни.
По таканарешеното смирување меѓу Афлек и Тејлор, се одржа премиера во Вашингот каде што Афлек постојано го фалел Тејлор, тврдејќи дека тој е правиот херој без чија жртва диполматите немаше да бидат ослободени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.