„Фејсбук“ спроведувал експеримент врз своите корисници, покажува истражувањето објавено под името Proceedings of the National Academy of Sciences.
Станува збор за неетички експеримент со кој се манипулирало со постовите кои им се појавувале на корисниците на нивните ѕидови. Во експериментот биле опфатени 700 илјади корисници во текот на една недела во 2012 година. Ним намерни им биле прикажувани исклучиво позитивни или негативни содржини. Со тоа шефовите на „Фејсбук“ сакале да видат како корисниците реагираат и како одредени содржини влијаат врз нивните постови.
Накратно, сакале да видат дали корисницие, ако постојано им се покажуваат негативни содржини, исто така ќе објавуваат негативни содржини, како и дали истото важи за оние корисници на кои постојано им се прикажуваат позитивни содржини.
Корисниците кои без нивно знаење и согласност учествувале во овој манипулирачки тест имале на своите профили алгоритми на кои била инсталирана апликација која пак ја анализирала содржината и автоматски ги селектирала како позитивен или негативен.
Резултатите од експериментите јасно покажале дека социјалните мрежи можат многу да влијаат врз корисниците, односно да им предизвикаат позитивни или негативни емоции. Истражувањето секако предизвикало бурни реакции со оглед на тоа дека методологијата која ја користел „Фејсбук“ е неморална.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст