| четврток, 6 декември 2018 |

Анализа: Уставните измени се добредојдени

устав на рмОсумте промени во македонскиот Устав кои вчера ги најави премиерот Груевски  наидоа на позитивни реакции кај граѓаните, а експертите ја даваат максималната поддршка.

Политиколозите Александар Пандов и Ивица Боцевски за тв Сител ги нагласија измените поврзани со економијата и фискалната политика кои се позитивни за развојот на домашната економија и пристигнување на значајни трговски субјекти на македонско тло.

Пандов смета дека овие измени ќе овозможат многу сериозни меѓународни корпорации да дојдат во Македонија и притоа правниот систем кој важи во нивната земја истите права ќе ги имаат во Македонија.

За Ивица Боцевски, во поглед на финансиските зони, потребно е допрецизирање на нивното функционирање според меѓународните правила.

Уставното зацврстување на институцијата брак како заедница меѓу еден маж и една жена, според експертите е чекор напред во чувањето на семејните вредности.

-Оваа мерка нема да биде закана за оние кои живеат во самохрани семејства, како и кон оние кои не ја регистрирале својата заедница како брачна, вели Боцевски.

-Се прави заштита на децата. Се знае кој може да ги воспитува и кој може да ги издигнува како малолетни личности. Таткото е татко и мајката е мајка. Неможе тоа да биде на друг начин, рече за Сител аналитичарот Пандов.

Предлог одлуката да се пристапи кон иницијатива за измена на Уставот на Република Македонија е насочена кон подобрување на работата на институциите, воведување нови повисоки стандарди и овозможување на дополнителни услови за економски развој и просперитет. Очекуваме пошироката и експертска јавност да се вклучи во овој процес, и со аргументи и издржани дискусии да се извлече најдоброто за државата и сите нејзини граѓани, подвлече премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top