Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо денеска ќе престојува во посета на Белград, каде со највисоките српски официјални
претставници ќе разговара за процесот на евроинтеграција на Србија.
Предвидено е Баросо во Белград да се сретне со српскиот претседател Томислав Николиќ, со премиерот Александар Вучиќ и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Во пресрет на посетата на Белград, Боросо во изјава за Танјуг оцени дека Србија е „многу важна земја за ЕУ“ и дека остврила значаен напредок во европските интеграции.
Во изјавата Баросо нагласува дека покрај Србија планира да ги посети и „останатите земји од регионот што оствариле напредок на европскиот пат“, додавајќи дека од Белград ќе отпатува за Тирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.