Популарниот српски пејач Жељко Јоксимовиќ почнува да ги пакува куферите за одење на море, каде што ќе се одмори и ќе ги средува впечатоците од концертот во Скопје, како што вели тој најголемото случување во неговата кариера досега.
– Доаѓањето на Коста во нашите животи само го разубави нашето секојдневие. Се радуваме што ќе заминеме на море , но овој пат тоа нема да биде Грција, туку Јадранот. Поради нашиот син се решивме на малку помирна варијанта. Јована и јас сме среќни родители и се организиравме на начин кој сите ни одговара. Се трудам да бидам добар сопруг и татко и се надевам дека тоа ми оди од рака.
За српските медиуми Жељко раскажува како концертот во арената „Филип Втори” е најголемото достигнување во неговата кариера .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.