Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Сараево се сретна со австрискиот претседател Хајнц Фишер.
Кабинетот на Иванов соопшти дека на средбата двајцата претседатели размениле мислења за билатералните односи и соработка меѓу Република Македонија и Република Австрија, политичките и економските состојби во Република Македонија, интеграцијата во Европската унија и во НАТО, како и за состојбите во регионот.
Иванов и Фишер констатирале одлични билатерални односи меѓу двете земји и динамична соработка во повеќе области. Двајцата претседатели ја нагласиле потребата и очекувањето дека во наредниот период двете страни ќе се фокусираат на уште позасилена економска соработка.
Во контекст на европските аспирации на Република Македонија, претседателот Иванов изразил благодарност за постојаната силна поддршка од страна на Република Австрија.
Тој го повторил ставот дека отворањето на пристапните преговори за членство во Европската унија останува најважна цел за Република Македонија, посочувајќи дека тоа несомнено ќе придонесе за јакнење на мултиетничката кохезија во Република Македонија, за засилување
на реформските процеси и за поуспешно соочување со предизвиците.
– Република Македонија е решителна во исполнувањето на поставените стратешки цели, членството во ЕУ и во НАТО. Република Македонија ги исполни сите критериуми за членство во Алијансата и е подготвена веднаш, неодложно да ја започне следната фаза во интеграцијата во ЕУ. Република Македонија бара еднаков и фер третман од земјите-членки
на ЕУ, односно очекуваме позитивниот пример на паралелно движење во интеграцијата и во надминувањето на билатералните прашања да биде применет и во нашиот случај. Република Македонија истовремено бара почитување на меѓународното право и на меѓународните обврски. Членството на Македонија во ЕУ и НАТО не е придобивка само за нас, туку и за Унијата, и за Алијанската и за нашиот регион, порачал македонскиот претседател.
На средбата, претседателот Фишер истакнал дека е потребно да се интензивираат напорите за следниот чекор во интеграцијата во Европската унија и дека Република Македонија, како и досега, може да смета на австриската поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


