
Денеска на неколку локации низ Македонија се расчистуваа дивите депонии полни со отпад. Ваква акција имаше и во близина на изворот Рашче. Акцијата наречема „Македонија без отпад“ ја поддржа и Лилјана Поповска, чија партија ДОМ е иницијатор за акцијата.
– Состојбата во Рашче е алармантна и тоа е страотно опасно за граѓаните кои живеат во селото Рашче, но и за целиот град со оглед на изворот со вода, но оваа акција е замислена само како иницијација се до создавање трајно решение за отпадот – изјави Поповска.
Акцијата е дел од глобална иницијатива која опфаќа еднодневно чистење во 107 земји низ светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


