На Камп Ноу во Барселона вечерва од 21 часот се игра реванш средбата од полуфиналето во шпанскиот Копа дел Реј во која домаќниот влегува со предност од првиот меч одигран на крајот од јануари на Сантијаго Бернабе, кога кај Реал Мадрид одигра 1-1.
Во вкупно 223-тото Ел Класико, Кралевите влегуваат со мала разлика од меѓусебните средби одиграни во сите конкуренции, во кои славеле 88 победи, а Барселона има 86 триумфи.
Белите на најголемиот Европски стадион доаѓаат со зголемени амбиции бидејќи немаат пораз од Барса во последните 3 натпревара (2-1 во Супер купот, 2-2 во Примера и 1-1 во првите 90 минути од купот кога погодија Фабрегас и Варан). Барселона, пак, освен на одличната сезона се повикува и на еден подолг период од 5 години во кои доминираше со 10 победи во 20 меча во кои каталонците имаа и шест нерешени, и само четири порази од најголемиот ривал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст