| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Елизабета Зисовска, директор на новата Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи

Д-р Елизабета Зисовска, вонреден професор по Клинички медицински науки, е именувана за директор на новоформираната Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи на вчерашната седница на Владата на РМ.

Како што соопшти Министерството за здравство, Зисовска е специјалист педијатар и доктор по медицински науки, вработена на Одделението за новородени деца при Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

s200_elizabeta.zisovska

Д-р Елизабета Зисовска

– Од 2004 година работи како научен соработник на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2010 година е избрана во наставно-научно звање насловен вонреден професор по Клинички медицински науки на Факултетот за медицински науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Досегашната професионална кариера на д-р Зисовска опфаќа поголем број објавени стручно-научни трудови во земјата и во странство, реализирани престои во странство и одржани предавања во рамки на стручни европски и светски конференции и семинари, информира Министерството за здравство.

Новоформираната Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи во Република Македонија е надлежна  за развивање систем за акредитација усогласен со европската и меѓународната пракса од оваа област, како и спроведување едукација од областа на квалитетот на здравствената заштита и акредитацијата, утврдување на стандарди за акредитација на здравствените установи, проценка на квалитетот на укажаната здравствена заштита на пациентите, акредитација на здравствените установи, рангирање на здравствените установи и издавање сертификат за акредитација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top