Од денеска започнува изградбата на првите куќи кои беа уништени во поплавите кои ја зафатија Србија, а парите за нивната изградба се обезбедни од донации, изјавија од српската Канцеларија за обнова и помош на поплавените подрачја.
Оттаму додадоа дека собраните пари за помош се уште не можат да се трошат поради процедурата која не овозможува ефикасност и транспарентност.
– Секој што остана без куќа, ќе добие куќа – порача премиерот на Србија, Александар Вучиќ.
Амбасадорот на САД во Србија, Мајкл Кирби изјави дека американската влада дополнително обезбедила 1,5 милиони долари помош за загрозеното население, со што се доаѓа до бројката од 2 милиони долари кои на загрозените е донирана од страна на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.