| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов во Сараево на одбележување 100 години од почетокот на Првата светска војна

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина, на покана од претседавачот со Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ и градоначалникот на Сараево Иво Комшиќ.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот на РМ, Иванов вечерва во Сараево ќе присуствува на концерт што ќе го одржи Виенската филхармонија во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

Целта на настанот е да се упати порака за мир и просперитет, толеранција, заеднички живот и меѓусебно почитување, соопшти Кабинетот.

Предвидено е на настанот да присуствуваат и претседателите на Австрија, Хрватска и на Црна Гора – Хајнц Фишер, Иво Јосиповиќ и Филип Вујановиќ, и се очекува со нив претседателот Иванов да оствари средби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top