| четврток, 6 декември 2018 |

Вечрва првите осминафинални натпревари на СП

Јужноамериканкса вечер во Бразил...

Домаќините на 20. Светско првенство во фудбал денеска ќе ги одмерат силите со Чиле во првиот натпревар од осминафиналето. Дуелот меѓу Бразил и Чиле се игра попладнево со почеток од 18 часот во Бело Хоризонте.

Напаѓачот на Чилеанците, Алексис Санчез, вели дека ова е натпревар кој што целосно ќе ме исполни како фудбалер, но најмногу се плаши од судиите.

Главен судија на овој натпревар е Англичанецот, Хауард Веб.

Од 22 часот, пак, силите ќе ги одмерат уште две јужноамерикански екипи. Националниот тим на Колумбија во Рио де Жанеиро ќе игра против Уругвај, кој ќе настапи без нивниот најсилен играч Луис Суарез, кој е казнет од ФИФА.

Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Оскар Табарез се повлече од членството во техничкиот комитет на Светската фудбалска федерација, поради оваа, според него, драстична санкција, против фудбалерот на кого ова му е трет ваков инцидент.

Поради ова и поради тоа што тие без мака и со максимален број бодови ја освоија првата позиција во групата Ц, како фаворит во натпреварот влегува репрезентацијата на Колумбија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top