| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица тешко повредени во сообраќајка кај Врапчиште

Две лица се потешко повредени, а по едно се трага, по сообраќајната несреќа која попладнево се случила во близина на стадионот во Врапчиште, Гостиварско.

Е.Ј. (34) од Врањовце, гостиварско со тешки повреди и во животно загрозувачка состојба е пренесен на скопските клиники. Според првичните информации на СВР Тетово, попладнево околу 16 часот на регионалниот пат Гостивар-Врапчиште во близина на стадионот, возило БМВ со гостиварски регистерски ознаки, излетало од коловозот и најнапред удрило во ограден ѕид, а потоа и во метална порта.

Од ударот со потешки повреди се здобиле Е.Ј, за кој се претпоставува дека управувал со возилото и С.А. (27) од Дебреше. Двајцата се пренесени во гостиварската болница од каде, по укажаната медицинска помош, транспортирани се за Скопје.

Во возилото било уште едно лице, кое побегнало од местото на настанот, а полицијата трага по него. Во тек е увид, кој го вршат јавен обвинител и екипа на крим техника. Како можна причина за сообраќајката се наведува пребрзо возење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top