| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани без струја денес, утре и задутре

Без електрична енергија дене од 8 до 16 часот ќе бидат корисниците од селата Мојанци и Орланци, општина Арачиново.

Во периодот од 8:30 до 14 часот без струја ќе бидат бараките на Град Скопје во Градски  Парк, како и корисниците од улиците „Илинденска“ од бр.77 до бр.91, „Орце Николов“ од бр.128 до бр.136, „Алберт Ајнштајн“ и „Донбас“ во општина Центар.

Корисниците од селата Мојанци и Орланци без струја ќе останат и в недела и понеделник, од 8 до 16 часот.

В понеделник од 9 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Прашка“, општина  Карпош, како и дел од корисниците од улиците „2“ и „4“ во близина на гимназијата Ѓорче Петров.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „6“, „7“ и „8“ во село Љубош, како и корисниците од село Батинци. Од 9.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Пекљане“, општина Ѓорче Петров.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекините во снабдувањето се електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top