| четврток, 6 декември 2018 |

„Хороскоп“ израдува двајца добитници со 30 илјади денари

unnamed

Росица Дукова од Гевелија и Орце Трајковски од Кратово се првите добитници на најновиот лоз на Државната лотарија на Македонија, експрес лотаријата „Хороскоп“. Двајцата добија по 30 илјади денари, информираат од Државната лотарија.

Дукова е вработена во компанијата „Сивус“. Последнава година редовно гребела по еден лоз  неделно. Росица досега немала поголема добивка, но често се радувала на помалите добивки од 30 и 40 денари кои најчесто ги користела за нов лоз. Интересно е што откако ја добила добивката на овој лоз, си купила уште еден лоз кој и донел помала добивка од 80 денари.

Трајковски е првиот  кој ја отвори сезоната на добивки од 30.000, 00 денари во Екпрес лозотот Хороскоп. И тој како Росица е вљубеник во Инстант лотаријата, кој одлучи првпат да го проба Експрес Лозот Хороскоп. Досега најчесто добивал помали добивки, па  затоа мошне го израдува добивката од 30.000,00 денари во Екпрес лозот Хороскоп, посебно затоа што среќата му се насмевна уште со првиот лоз.

Најновиот Експрес лоз на Државна лотарија на Македонија, под името ХОРОСКОП беше пуштен во продажба на 5 јуни.

Под мотото Отвори и види што носи твојот хороскопски знак денес, Државна лотарија на Македонија со оваа игра на среќа, внесува интересна забава за љубителите на Експрес лотаријата и астрологијата. Со Експрес лозот Хороскоп на Државна лотарија на Македонија имате супер шанса за експресни добивки од 20  до 30.000 денари, со влог од 20 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top