Градежните компании лани потрошиле градежен материјали и енергија во вредност од 10 милијарди денари (околу 162 милиони евра), што е за 8,9 отсто повеќе во однос на 2012 година.
Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество имаат „материјалите за врзување“ со 3,4 милијарди денари или 33,6 отсто, потоа групите:„потрошено гориво“ со 1,8 милијарди денари или 18,2 отсто, и „материјали за армирање и прицврстување“ на кои се потрошени 1,4 милијарди денари или 14 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.