| четврток, 6 декември 2018 |

Самарас се заканува со предвремени избори

До­де­ка ма­ке­дон­ска­та јав­ност по кој знае кој пат, се­га по­ра­ди по­ли­ти­ка­та на Мос­ква во Укра­и­на, ги под­гре­ва на­де­жи­те за евен­ту­ал­но членс­тво во НА­ТО во сеп­тем­ври, грч­ки­от пре­ми­ер Са­ма­рас пре­ку ед­но ин­терв­ју на во­деч­ки­от грч­ки екс­перт за над­во­реш­на по­ли­ти­ка Ари­сто­тел Ци­јам­пи­рис, во кое тој твр­ди де­ка пре­го­во­ри­те за име­то ќе би­дат бло­ки­ра­ни во на­ред­ни­ве де­вет ме­се­ци, и со два-три на­ра­ча­ни на­пи­си во ме­ди­у­ми­те јас­но ста­ви до зна­е­ње де­ка Ма­ке­до­ни­ја не мо­же да се на­де­ва на есен­ски на­пре­док во евро­ат­лан­ски­те ин­те­гра­ции

Пред­ви­ду­ва­ње­то на грч­ки­от про­фе­сор Ари­сто­тел Ци­јам­пи­рис од уни­вер­зи­те­тот во Пи­ре­ја, кој е со­вет­ник на не­кол­ку грч­ки ми­ни­стри, и ин­фор­ма­ци­и­те што ги об­ја­ви­ја дел од грч­ки­те ме­ди­у­ми, кои ин­ди­рект­но се по­вр­за­ни со лу­ѓе бли­ски на грч­ки­от пре­ми­ер, ис­пра­ти­ја си­лен сиг­нал де­ка ни­ту со­стој­ба­та во Укра­и­на ни­ту ко­ја би­ло дру­га гло­бал­на или ре­ги­о­нал­на те­ма не­ма да вли­јае врз Ан­до­нис Са­ма­рас за тој да по­пу­шти при вле­зот на Ма­ке­до­ни­ја во НА­ТО. Осо­бе­но ако тоа ја на­ру­ши не­го­ва­та сли­ка пред до­маш­ни­те на­ци­о­на­ли­сти.

На­ја­ва­та де­ка во пер­и­о­дот ме­ѓу октом­ври и март в го­ди­на во Гр­ци­ја мо­же да се слу­чат пред­вре­ме­ни из­бо­ри пра­ктич­но зна­чи де­ка Са­ма­рас по­ра­чу­ва оти ни­ту Аме­ри­кан­ци­те ни­ту Ан­ге­ла Мер­кел не мо­жат да ба­ра­ат од офи­ци­јал­на Ати­на ком­про­мис во на­о­ѓа­ње­то ре­ше­ние со Ма­ке­до­ни­ја и, ко­неч­но, зац­вр­сту­ва­ње и ста­би­ли­зи­ра­ње на бал­кан­ско­то кри­ло на НА­ТО.

Со нај­а­ва­та де­ка мо­же да има пред­вре­мен из­бо­ри, пра­ктич­но, Са­ма­рас ги ану­ли­ра по­лу­ин­фор­ма­ци­и­те што се по­ја­ви­ја по лан­ска­та не­о­че­ку­ва­на сред­ба ме­ѓу кан­це­лар­ка­та Ан­ге­ла Мер­кел и спе­ци­јал­ни­от прет­став­ник на ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на ОН, Мет­ју Ни­миц, де­ка Бер­лин во до­го­вор со САД би мо­жел да вли­јае врз две­те стра­ни во спо­рот за име­то во пре­срет на са­ми­тот на НА­ТО кој е за­ка­жан во глав­ни­от град на Велс, Кар­диф. По­ра­ка­та е јас­на, „ако ме при­тис­не­те да сед­нам со Гру­ев­ски и да нај­де­ме ре­ше­ние, то­гаш ќе одам на из­бо­ри“. Спо­ред мно­гу­ми­на не­у­трал­ни, чо­ве­кот што на по­че­то­кот на 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век бе­ше глав­ни­от ви­нов­ник што Ати­на и Скоп­је не нај­доа ре­ше­ние, ду­ри и по це­на да ја за­гу­би вла­ста, не мо­же да би­де на­те­ран да нај­де ре­ше­ние што е раз­лич­но од не­го­ви­от ли­чен став, кој, пак, е по­ри­ги­ден од си­те не­го­ви прет­ход­ни­ци. Грч­ки но­ви­на­ри што до­бро ја поз­на­ва­ат не­го­ва­та жи­вот­на и по­ли­тич­ка фи­ло­зо­фи­ја сме­та­ат де­ка мен­тал­ни­от склоп на Са­ма­рас, ед­но­став­но, не му доз­во­лу­ва да се транс­фор­ми­ра од ул­тра­на­ци­о­на­лист во мо­де­рен по­ли­ти­чар, кој ги раз­би­ра трен­до­ви­те во мо­дер­на Евро­па. Чо­ве­кот што пред шест го­ди­ни нај­а­ви де­ка за Гр­ци­ја е нај­до­бро да че­ка рас­пад на Ма­ке­до­ни­ја по­ра­ди вна­тре­шен конф­ликт со Ал­бан­ци­те, си­гур­но не­ма да се пре­мис­ли во си­ту­а­ци­ја ко­га е на власт со уме­ре­ни од­лу­ки да пре­диз­ви­ка по­ли­тич­ка ште­та, сме­та­ат не­го­ви­те ана­ли­ти­ча­ри.

По­ра­зот на вла­де­јач­ка­та Но­ва де­мо­кра­ти­ја на из­бо­ри­те за Европ­ски­от пар­ла­мент и ло­кал­ни­те из­бо­ри му да­ва­ат до­бро али­би на Ан­до­нис Са­ма­рас да вле­зе во де­ба­та за по­тре­ба од но­ви из­бо­ри. И по­крај ре­кон­струк­ци­ја­та на Вла­да­та во ко­ја има нов ми­ни­стер за фи­нан­сии и ми­ни­стер за здрав­ство, кој отво­ре­но го не­ги­ра хо­ло­ка­у­стот, а пред не­кол­ку го­ди­ни отво­ре­но ги по­ви­ку­ва­ше Гр­ци­те да уби­ва­ат Евреи, Са­ма­рас и не­го­ви­те парт­не­ри во Ва­шин­гтон и во Бер­лин се свес­ни де­ка пред­вре­ме­ни из­бо­ри се единс­тве­ни­от лек за да се спре­чи Ци­прас да до­бие ап­со­лут­но мно­зинс­тво во ид­ни­от пар­ла­мент ако тој се фор­ми­ра во ре­дов­ни­от тер­мин.

Да­ле­ку од тоа де­ка Са­ма­рас се воз­не­ми­ру­ва од ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње ду­ри и ко­га има цел ман­дат пред се­бе, но се­га со мир­на ду­ша мо­же да из­ја­ви де­ка пра­ша­ње­то за име­то мо­ра при­вре­ме­но да се ста­ви ад акта за да се из­бег­не го­лем по­раз на ми­ле­ни­кот на Бри­сел, кој, за раз­ли­ка од Ци­прас, не­ма проб­лем со спро­ве­ду­ва­ње­то на су­ро­ви­те мер­ки за ште­де­ње, што го пра­ви оми­лен за си­те над­леж­ни во евро­зо­на­та и ме­ѓу­на­род­ни­те фи­нан­си­ски ин­сти­ту­ции.

До­пол­ни­тел­но али­би за Са­ма­рас да ја про­дол­жи сво­ја­та не­по­пуст­ли­ва по­ли­ти­ка кон Ма­ке­до­ни­ја е из­бо­рот на нов пре­тсе­да­тел на Гр­ци­ја, кој тре­ба да се слу­чи во фе­вру­а­ри ид­на­та го­ди­на. До­кол­ку Са­ма­рас би­де ста­вен под евен­ту­а­лен при­ти­сок на САД и на Гер­ма­ни­ја да би­де фле­кси­би­лен кон пра­ша­ње­то за име­то и да не ор­га­ни­зи­ра пред­вре­мен из­бо­ри пред Но­ва го­ди­на, то­гаш тој мо­же да се ва­ди де­ка по­доц­на ќе има се­ри­оз­ни пос­ле­ди­ци. Со ог­лед на грч­ки­от си­стем на из­бор на пре­тсе­да­тел, го­ле­ма е ве­ро­јат­но­ста де­ка гла­са­ње­то за нов пре­тсе­да­тел, кое се од­ви­ва во Пар­ла­мен­тот, ќе до­ве­де до нов со­став на за­ко­но­дав­ни­от дом. Име­но, до­кол­ку во пр­ви­те три кру­га еден кан­ди­дат не до­бие со­од­ве­тен број гла­со­ви од пра­те­ни­ци­те (во пр­ви­от и во вто­ри­от круг гла­са­ње по 200 гла­са а во тре­ти­от 180 пра­те­нич­ки гла­са), то­гаш, спо­ред Уста­вот, Пар­ла­мен­тот се рас­пу­шта и се оди на но­ви ге­не­рал­ни из­бо­ри, по што по­втор­но по три кру­га гла­са­ње по­бе­ду­ва еден од двај­ца­та кан­ди­да­ти со нај­го­лем број гла­со­ви.

Об­је­ктив­но е де­ка до­кол­ку Са­ма­рас вле­зе во ка­кви би­ло пре­го­во­ри за име­то, што би зна­че­ло се­ри­о­зен ком­про­мис и пов­ле­ку­ва­ње од цр­ве­ни­те ли­нии при­фа­те­ни од си­те грч­ки пар­тии, тој и на пред­вре­ме­ни из­бо­ри и при гла­са­ње­то за пре­тсе­да­тел би до­жи­ве­ал те­жок по­раз од СИ­РИ­ЗА, ко­ја на пос­лед­ни­те из­бо­ри, и без де­ба­та за име­то, ста­на нај­сил­на­та пар­ти­ја во зем­ја­та.

 

Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја не­ма да би­дат по­ви­ка­ни во Бер­лин

Пре­ми­е­ри­те на Гр­ци­ја и на Бу­га­ри­ја, Ан­до­нис Са­ма­рас и Пла­мен Оре­шар­ски, се единс­тве­ни­те бал­кан­ски пре­ми­е­ри што не­ма да би­дат дел од кон­фе­рен­ци­ја­та што тре­ба да се слу­чи во август во глав­ни­от град на Гер­ма­ни­ја, а ќе би­де по­све­те­на на европ­ска­та ин­те­гра­ци­ја на За­па­ден Бал­кан. Гер­ман­ска­та кан­це­лар­ка, Ан­ге­ла Мер­кел, ја нај­а­ви оваа дип­ло­мат­ска ини­ци­ја­ти­ва со по­ра­ка­та де­ка па­тот до членс­тво на си­те зем­ји од ре­ги­о­нот ќе би­де долг и де­ка за тоа да се слу­чи, мо­ра да би­дат ис­пол­не­ти кри­те­ри­у­ми­те, а, спо­ред неа, кри­те­ри­у­ми­те за приб­ли­жу­ва­ње до ЕУ се мно­гу јас­ни. Иа­ко Мер­кел во сво­е­то обра­ќа­ње на­ви­дум проз­ву­чи гру­бо, ду­ри и за­ка­ну­вач­ки, се ра­бо­ти за јас­на по­зи­тив­на по­ра­ка на неј­зи­на­та вла­да со­ста­ве­на од го­ле­ма ко­а­ли­ци­ја спо­ред ко­ја Гер­ма­ни­ја е сил­но по­све­те­на на Бал­ка­нот. За­мис­ла­та на гер­ман­ска­та дип­ло­ма­ти­ја е на ед­но ме­сто да се со­бе­рат си­те нај­ви­со­ки прет­став­ни­ци на зем­ји­те-кан­ди­да­ти и на зем­ји­те-член­ки Сло­ве­ни­ја и Хр­ват­ска од ре­ги­о­нот, кои отво­ре­но би раз­го­ва­ра­ле за си­те преч­ки и мож­но­сти за со­ра­бо­тка. По­крај ви­со­ки прет­став­ни­ци на Европ­ска­та уни­ја, во пос­лед­ни­от ви­кенд од август во Бер­лин ќе би­де при­сут­на це­ла по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, за­си­ле­на со Ал­ба­ни­ја: по­ка­ни ќе до­би­јат Бос­на и Хер­це­го­ви­на, Ко­со­во, Ал­ба­ни­ја, Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја, Цр­на Го­ра, ка­ко и Сло­ве­ни­ја и Хр­ват­ска. Во Бер­лин не­ма да би­дат при­сут­ни Ати­на и Со­фи­ја, ка­ко и прет­став­ни­ци на Мол­да­ви­ја, ко­ја иска­жу­ва ин­те­рес за членс­тво во ЕУ.

 

Пов­ле­ку­ва­ње­то на Јо­лев­ски не мо­же да вли­јае врз ин­тен­зи­те­тот на пре­го­во­ри­те во ОН

И по­крај прес-кон­фе­рен­ци­и­те на одре­де­ни грч­ки из­во­ри кои де­но­ви­ве го твр­дат спро­тив­но­то, име­ну­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­от ам­ба­са­дор во Ва­шин­гтон и пре­го­ва­рач за име­то, Зо­ран Јо­лев­ски, за ми­ни­стер за од­бра­на не мо­же да ги на­ру­ши раз­го­во­ри­те со по­средс­тво на Мет­ју Ни­миц. Исто ка­ко во слу­ча­јот со пре­го­ва­ра­чот Ни­ко­ла Ди­ми­тров, кој не­о­че­ку­ва­но бе­ше сме­нет од то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски во 2008 го­ди­на, и се­га праз­ни­на­та ќе би­де кра­тко­трај­на ако во­оп­што се по­ја­ви. И по­крај тоа што до­си­е­то „пре­го­во­ри за име­то“ е при­лич­но се­ри­оз­но и за под­ла­бо­ко за­поз­на­ва­ње во про­це­сот е по­треб­но вре­ме, се­пак Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко и Гр­ци­ја ко­ја од по­че­ток е со еден пре­го­ва­рач, ве­ќе има из­гра­де­но си­стем кој мо­же да го сле­ди кој би­ло по­до­бар дип­ло­мат со еле­мен­тар­но искус­тво. Осо­бе­но што и пре­ми­е­рот Гру­ев­ски и пре­тсе­да­те­лот Ива­нов, ка­ко и нив­ни­те најб­ли­ски со­ра­бот­ни­ци, со го­ди­ни ги про­у­чу­ва­ат и од­лич­но ги поз­на­ва­ат си­те мож­ни ва­ри­јан­ти и ком­би­на­ции на пред­ло­зи. Ду­ри и но­ви­от пре­го­ва­рач да се со­о­чи со нов „сет идеи“, ка­ко што по­сред­ни­кот Ни­миц ги на­ре­ку­ва но­ви­те пред­ло­зи, тие ќе би­дат пред­мет на ана­ли­за на спо­ме­на­ти­те др­жав­ни авто­ри­те­ти и со­од­вет­ни прав­ни и дип­ло­мат­ски про­фи­ли што израс­наа во ад­ми­ни­стра­ци­ја­та од по­че­то­кот на проб­ле­мот. Ма­е­страл­на­та суд­ска и дип­ло­мат­ска по­бе­да што Ма­ке­до­ни­ја ја из­во­ју­ва во Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та во Хаг про­тив Гр­ци­ја по­ка­жу­ва де­ка по­ми­наа вре­ми­ња­та ко­га Ма­ке­до­ни­ја мо­же да вле­зе во дип­ло­мат­ски по­раз по­ра­ди не­ком­пе­тент­ност или ко­руп­ци­ја, ка­ко што тоа се слу­чу­ва­ше во пр­ви­те го­ди­ни по не­за­вис­но­ста.

 

НА­ТО со проб­ле­ми во цен­трал­на Евро­па

Пра­ша­ње­то за Ма­ке­до­ни­ја на са­ми­тот на НА­ТО во сеп­тем­ври до­пол­ни­тел­но е за­гро­зе­но и со вна­треш­ни­те проб­ле­ми на али­јан­са­та кои има­ат огром­на спе­ци­фич­на те­жи­на во си­ту­а­ци­ја ко­га Ру­си­ја ста­ци­о­ни­ра во­е­ни си­ли на гра­ни­ца­та со Укра­и­на.

На­ја­ви­те од Гер­ма­ни­ја за вра­ќа­ње на те­ма­та за про­ши­ру­ва­ње на ЕУ на Бал­ка­нот се слу­чу­ва­ат во исто вре­ме со пр­ви­от конф­ликт ме­ѓу САД и Че­шка и Сло­вач­ка во рам­ки на Се­вер­но­ат­лант­ски­от со­јуз. Ми­на­та­та не­де­ла Пра­га и Бра­тис­ла­ва прв­пат јав­но се спро­тив­ста­ви­ја на оби­дот на Ва­шин­гтон да ги убе­ди две­те зем­ји да доз­во­лат ста­ци­о­ни­ра­ње аме­ри­кан­ски тру­пи на нив­на те­ри­то­ри­ја. Ре­ак­ци­и­те дој­доа отка­ко аме­ри­кан­ски­от пре­тсе­да­тел, Ба­рак Оба­ма, од Вар­ша­ва нај­а­ви де­ка САД обез­бе­ди­ле ед­на ми­ли­јар­да до­ла­ри за по­мош на зем­ји­те што не се дел од НА­ТО и за­јак­ну­ва­ње на тру­пи­те на САД во источ­на Евро­па во кон­текст на укра­ин­ска­та кри­за.

Сло­вач­ки­от пре­ми­ер, Ро­берт Фи­цо, из­ја­ви де­ка не мо­же да за­мис­ли стран­ски вој­ни­ци на нив­на те­ри­то­ри­ја при­тоа спо­ре­ду­вај­ќи го аме­ри­кан­ско­то при­сус­тво во Сло­вач­ка со ру­ска­та ин­ва­зи­ја на Че­хос­ло­вач­ка во 1968 го­ди­на. Не­му му се при­дру­жи че­шки­от ко­ле­га Бо­хус­лав Со­бо­тка, кој нај­а­ви де­ка Пра­га не по­ви­ка­ла и не­ма да по­ви­ка стран­ски тру­пи да би­дат ста­ци­о­ни­ра­ни во зем­ја­та. Вра­ќа­ње­то на Сту­де­на­та вој­на и соз­да­ва­ње­то но­ва же­лез­на за­ве­са ме­ѓу ЕУ и Ру­си­ја не се со­од­ве­тен од­го­вор за укра­ин­ска­та кри­за, по­ра­ча офи­ци­јал­на Пра­га. Во со­оп­ште­ни­е­то се ве­ли де­ка НА­ТО се ба­зи­ра на за­ед­нич­ка од­го­вор­ност за за­ед­нич­ка без­бед­ност, при што си­те че­ко­ри ќе би­дат на­пра­ве­ни со за­ем­на од­го­вор­ност и во сог­лас­ност со НА­ТО и ме­ѓу­на­род­ни­те об­вр­ски, што дел од ана­ли­ти­ча­ри­те го тол­ку­ва­ат ка­ко пов­ле­ку­ва­ње на САД, а не­кои ка­ко скри­е­на за­ка­на од Ва­шин­гтон.

 

(Текст објавен во 94. број на неделникот „Република“, 20.06.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top