Од компанијата ТДР засега не откриваат дали и колку нивните производи ќе поскапат, но велат дека мерката, секако, ќе се одрази врз производителите.
Менаџментот на компанијата вели дека земјава има најмал црн пазар на цигари во регионот кој зафаќа само 2 отсто, додека во некои земји изнесува и до 20 отсто, поради што компаниите имаат значителен пад на продажбата.
ТДР, која продава во регионот, во неколку европски земји, а од лани и на Блискиот Исток, најголемиот дел од ориенталниот тутун го купува од Македонија во количини кои се двојно поголеми од количините кои потоа тука ги продава.
Доколку Македонија, како голем производител на ориентален тутун, постапува по препораките на СЗО за намалување на производството, тоа може да предизвика негово поскапување, но и потрага по нови откупни пазари, велат од компанијата која по основ на акцизи и ДДВ лани во буџетот платила над 16 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



