| четврток, 6 декември 2018 |

Просечна исплатена нето-плата за април изнесувала 21.175 денари

 broenje pari

Просечната исплатена нето-плата за април годинава изнесува 21.175 денари, измери Државниот завод за статистика.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.0 отсто), финансиски дејности и дејности на осигурување (3.1 отсто) и градежништво (3.0 отсто).

Статистика измерила дека во април годинава исплатената бруто-плата по работник изнесува 31.027 денари.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.0 отсто), трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.1 отсто) и финансиски дејности и дејности на осигурување (2.9 отсто).

Според статистика за април годинава 1,5 отсто од вработените во земјава не земале плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top