| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца: Го учам Вељко да плаче

Пејачката Светлана Ражнатовиќ- Цеца, вели дека го учи својот син, Вељко да плаче. Таа истакнала дека не е срамота да се плаче и дури дека и на мажите тоа им е дозволено, пренесуваат белградските медиуми.

цеца

Пејачката рекла дека машкоста не се покажува со воздржување од солзи, туку преку многу други работи, пишува „Информер“

– За мене не постојат машки и женски солзи. Солзите се филтрирање на емоциите. Треба да се плаче и да се олесни душата. Јас и мојот син Вељко го учам дека треба да плаче ако почувствува потреба за тоа. И мажите плачат и тоа не е срамота. Солзите постојат за луѓето да исфрлат се негативно од себе – рекла познатата пејачка за белградскиот весник.

 

 

 

 

 

 

”Plačem i ja. Izbacim bol iz sebe i nastavim dalje sa osmehom kojim pobeđujem probleme”, rekla je Ražnatović.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top