| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот кој има најмногу следбеници на „Твитер“ во светот

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу е министер кој има најмногу следбеници на социјалната мрежа Твитер во светот, соопшти турскиот весник „Миллиет“, повикувајќи се податоци на едно американско истражување.

SECURITY CONFERENCE

Според анализата на консултантската фирма „Барсен-Марстелер“, Давутоглу е министер за надворешни работи со најмногу следбеници на Твитер или милион и 512 илјади лица.

Турскиот претседателот Абдула Ѓул се наоѓа на шестото место меѓу светските лидери по бројот на следбеници на социјалната мрежа (четири милиони и 628 илјади), следен од премиерот Реџеп Таип Ердоган со четири милиони и 303 илјади следбеници.

Од светските лидери, американскиот претседател Барак Обама се наоѓа на прво место по бројот на следбеници на Твитер со над 43 милиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top