| четврток, 6 декември 2018 |

Светско признание за „Прилепска пиварница“

„Прилепска пиварница“ ја доби наградата „PepsiCo Chairman’s Circle of Champions“, за одлични перформанси во работењето. Наградата е доделена во конкуренција од сите фабрики од групацијата „ПепсиКо“ во целиот свет, а тимот на „Прилепска“ е единствениот награден во Европа. Воедно, пиварницата се најде меѓу најдобрите кои се  ¼ од 1% од сите „ПепсиКо“ производители во светот.

Прилепскиот тим во последните неколку години работеше неуморно целејќи кон издигнување на фабриката на ниво на производител со врвен квалитет со континуирана посветеност и блиска соработка со „PepsiCo International“. Како резултат на овие напори фабриката константно е призната и наградувана од ПепсиКо и дадена и е огромна поддршка на патот кон поуспешни перформанси.

За да се постигнат овие цели, клучниот технички тим на фабриката од одделенијата за Квалитет, Инжинеринг и Производство успешно работеа однесувајќи се како претприемачи на нивните функции и соработувајќи меѓусебно со цел ефикасно доставување на резултати, решавање на проблеми и поддржувајќи ја фабриката во достигнувањето на оперативните и комерцијалните таргети.

– Оперативниот тим беше инволвиран во проект што резултираше со компаниска инвестиција од 12 милиони евра комплетно нова производна опрема во последните 3-4 години. Фабриката неодамна инсталираше нова опрема за стаклена амбалажа, обработка и пакување со цел да соодветствува на критериумите на добрата производна пракса. Новоинсталираната опрема за стаклена амбалажа е проект кој се однесува на прашањето на имиџот поврзан со претходното пакување, како и кон понатамошно градење на пенетрација на СС во ОП каналите. Под водство на оперативниот тим, овој проект беше воден беспрекорно и сите рокови беа испочитувани без да биде загрозен било кој дел од процесот – изјавија од „Прилепска пиварница’.

Како друг пример за покажување на проактивноста и бескомпромисниот пристап кон квалитетот, тимот имплементираше статистички процес на анализа во процесот на производство, со развој на специфичен софтвер инсталиран во линијата за полнење, како и центар за извештаи за податоци и анализи. Ова се смета како најдобар пример за останатите произведувачи.

– И покрај тешката макро економска криза во Македонија со постојано зголемување на даноците, на трошоците за енергија како и даноците и трошоците за царина, во Прилеп  во голема мера се зголеми годишната стапка на раст за 3.5% во последните 5 години додека перформансите на пазарот останаа исти. Ваквите убедливи деловни перформанси се резултат на убедувањето дека производот со врвен квалитет е клучниот елемент за добри деловни резултати и за стекнување на компетитивна предност. Оперативниот тим значително придонесе кон ова достигнување со демонстрирање на соработката и посветеност на одличноста во квалитет и безбедноста на храната -стои во образложувањето за наградата.

Како пример за целосната посветеност кон стандардите на „ПепсиКо“, машините се секогаш избрани според последната технологија достапна, со цел да се гарантира одличноста во квалитетот и безбедноста на храната. Способноста и моќноста на тимот е претставена преку фактот дека сите членови имаат јасно разбирање на стандардите за квалитет на „ПепсиКо“.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top