Парламентарните избори во Италија завршија без победник откако централно-левичарската коалиција предводена од Пјер Луиџи Берсани освои околу 5,5 проценти повеќе од конзервативниот блок предводен од поранешниот премиер Силвио Берлускони во изборите за пратеници во долниот дом.
Првичните резултати покажуваат дека коалицијата на Берлускони освоила 2 проценти повеќе гласови во изборите за сенатот. Комичарот Бепе Грило , кој се кандидираше и за двата дома на парламентот доби изненадувачки голем број гласови , додека коалицијата на премиерот во оставка , Марио Монти е на последно место. Берзите со нетрпение очекуваат да видат дали изборите ќе донесат стабилна влада што може да ја извлече државата од рецесија и да помогне во решавање на должничката криза во евро-зоната..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


