Ова го истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев за време на неговото гостување во вестите на Сител телевизија.
– Од денска почнуваат да важат сите оние бенефити коишто ги промовираше премиерот, а коишто значат или бесплатен превоз во железничкиот сообраќај за определени групи на граѓани или пак попусти на картите за транспорт со железницата. Од денeска сите ученици и студенти доколку купат карта за железничкиот сообраќај на било која линија ќе добијат попуст од 50 отсто – истакна Ѓорѓиев.
Почнувајќи од следниот четврток, како што нагласи тој, сите студенти кои сакаат и имаат потреба да се возат со железницата тоа ќе можат да го сторат бесплатно, како и во секој нареден четврток.
– Додека пак вториот викенд од месец јули, односно деновите петок, сабота и недела ќе бидат бесплатни за превоз на сите повозрасни лица, односно жени над 62 и мажи над 64 години – додаде владиниот портпарол Ѓорѓиев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор сомнителен пакет во британскиот Парламент за два дена
-
Сомнителен пакет во Британскиот парламент: Две лица завршија во болница
-
Делев: Мерките кои ги презема Владата на „црната тројка“ Заев, Анѓушев и Тевдовски се антиреформски
-
Додека СДС држи празни прес-конференции, ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки за помош на земјоделците



