Германија ги победи Соединетите Американски Држави со 1-0 во последното коло од Г групата, резултат што им одговара на двете селекции за пласман во осминафиналето. Во вториот меч Португалија беше подобра од Гана, славеше со 23-1, но и двете репрезентации испаднаа.
Разврската беше јасна на десетина минути пред крај, кога Кристијано Роналдо и донесе предност на Португалија од 2-1 против Гана. Португалците ја завршија фазата по групи со 4 бода, идентично како и САД, но Американците имаат подобра гол-разлика и се пласираа во осминафиналето, заедно со Германија. Избраниците на Јоаким Лев со голот на Томас Милер победија со 1-0 и со 7 бода како првопласирани се најдоа во нокаут фазата.
Гана имаше солидни шанси со победа да ги минат САД, но инцидентот со Боатенг и Мунтари, кои се избркани од нациналната репрезентација непосредно пред клупчниот дуел со Португалија си влијаеше на елиминацијата на „Црните Ѕвезди“.
Германија ќе игра во осминафиналето со второпласираната селекција од Х групата (најверојатно Алжир или Русија“, а САД ќе играат против првиот од таа група (веројатно Белгија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.