Веќе од 1 јули се воведуваат бесплатните билети за воз – секој трет викенд во месецот за младите до 27 години и секој втор викенд во месецот за жените над 62 и мажите над 64 години, јавува Алфа. За студентите ќе има бесплатно возење и секој четврток, како и 50 отсто попуст во другите денови.
Македонски Железници веќе го утврдија новиот правилник кој ги имплементира препораките од Владата.
Директорот на МЖ Транспорт за Алфа објаснува дека за да се користат поволностите граѓаните ќе треба единствено да приложат лична карта односно индекс или студентска легитимација.
– Сите при влегување во возовите ќе добијат билет и со тоа и патничко осигурување иако е бесплатен билетот… Ова е и со цел да ги вратиме навиките на граѓаните да се возат со воз во Република Македонија и она што ги очекува наредната година – обновата на возовоите – вели Оливер Дерковски, директор на МЖ Транспорт.
Договорот за нови возови е веќе потпишан. Наредното лето кинеската CSR Corporation Limited за 25 милиони евра ќе испорача 4 дизел и 2 електрични патнички гарнитури секоја со капацитет од по 200 патници.
– Тоа значително ќе ги зголеми нашите капацитети, а истовремено ќе ни ја подобри и ефикасноста зашто ќе треба помало одржување, а новите возови ќе бидат и енергетски поефикасни – објаснува Дерковски.
Со новите возови ќе се покријат 60 отсто од моменталните линии на МЖ Транспорт. За останатите 40 отсто ќе продолжат да се користат старите кои ќе бидат целосно репарирани со околу 10 милиони евра. 10 класични патнички вагони и две дизел гарнитури веќе се обновија.
Дополнителни 13.2 милиони евра се вложија за подобрување на товарниот транспорт. До крајот на годинава ќе пристигнат 150 товарни вагони од словачкиот производител ЖОС Трнава – 75 затворени и 75 отворени за контејнерски превоз.
Со овие проекти возниот парк на Македонски Железници се подновува за прв пат по 35 години.
Истовремено државата вложува и во модернизација на пругите – долж коридорот 10 односно на оската Север – Југ се речиси целосно реконструирани. Се работи и на коридорот 8. Градежните активности на првата фаза од железницата кон Бугарија се во полн ек
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



