| четврток, 6 декември 2018 |

Кумуцакос со закани за евро – парламентарците кои даваат поддршка за Македонија

Не ги нарекувајте Македонци да не добиете протестни писма од Грчките македонци

 

На дебатата во Европарламентот за напредокот на Македонија Гркот Јоргос Кумуцакос истакнал дека политичката ситуација во Скопје е проблематична, дека институциите на системот не функционираат и дека демократските стандарди се нарушуваат. Според него не може секогаш да се известува позитивно за земјата ако некои работи не одат на добро и дека ЕП треба да не критикува силно и лошо. Притоа, Кумуцакос посочил дека Македонија нема проблем само со Грција, туку и со Бугарија и Албанија и според него, во таквата ситуација “само Груевски е паметен“. Тој исто така го предупреди својот колега Кукан да не не нарекува Македонци, оти така ризикува да добие протестни писма од 30-40 членови на грчкиот парламент што с ечувствуваат како Македонци!

Хрватскиот пратеник во Европарламентот, Андреј Пленковиќ потсети дека Македонија од 2005 година е кандидат за членство и досега не почнала преговори со ЕУ, што носи фрустрации. Затоа, тој го пофали последниот извештај на Комисијата, притоа повикувајќи ја опозицијата да се врати во Парламентот и дека бојкотот не е начин да се решат проблемите. На Грците, Пленковиќ им порача дека европеизација на билатералните проблеми е погрешно.

Дорис Пак: Грчките Македонци се пред се Грци а не Македонци

Германската европратеничка Дорис Пак, посочи дека нашата земја треба да се вика Македонија, посочувајќи дека прашањето за името е само билатерално. Таа се чудеше на заканата на Кумуцакос дека Кукан ќе добиел писма од „Македонци“ во грчкиот парламент оти ги нарекува Македонци оние што живеат во Македонија, истакнувајќи дека и во германскито Бундестаг има баварци, но тие пред се се Германци, како што и грчките Македонци, пред се се Грци.

– Затоа велам дека тој проблем е создаден, а не дека постои. А, во врска со бојкотот на опозицијата, ќе кажам дека тоа е глупа мерка, а проблемите во Македонија се поради тоа што осум години земјата чека на преговори за членство во ЕУ и повеќе соседите ја провоцираат оваа земја, околку таа нив. Македонците не паднаа од небо! Тие се Македонци и не може д аги наркеуваме “поранешни Југословени“, оти нивно право е да се нарекуваат како што сакаат. Затоа трбеа да ја користиме и придавката “македонски“. А, кога само Грците и Бугарите се загрижени за името, мора да има нешто зад тоа, некаква скриена агенда, рече Дорис Пак.

Швеѓанката Ана Ибрисагиќ ја лоцираше вината за тоа што Македонија не почнала пристапни преговори во грчката блокада. Притоа, таа рече дека на нашата земја би и било потребна деценија ако ги почне преговорите за да стане член на ЕУ, со оглед на тоа што Шведска преговарала пет години кога била кандидат.Таа потсети дека тензиите нема да постојат ако почнат преговорите за членство, а дека сегашната ситуација во Македониај се должи на замрзнатиот статус од 2005 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top