На денешната расправа за Македонија во ЕП германскиот европратеник Бернд Поселт ги потсети колегите дека комисијата за надворешни работи расправа за извештајот на Европската комисија за 2012 година, кога, според него, Македонија направила огромен прогрес.
– Постои опасност ова одложување на гласањето да се разбере погрешно, посебно од оние кои практицираат бојкот во земјата и со ова тие да бидат наградени и охрабрени да продолжат со бојкотот и провокациите. Одложувањето е само за да најдеме консензус. Инаку, по десет години кандидатски статус, крајно време е Македонија да почне преговори за членство, истакна Поселт, посочувајќи и на Гркинката Јанаку дека не постои прашање за име и дека такво нешто познава и признава само Грција и дека тоа постои „само во главите на некои грчки политичари“.
– Јас сум Баварец и никој не може да ме спречи така да се нарекувам. Исто е и за Македонците!, дециден е Поселт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


