За и онака високата температура да ја кренете до точка на вриење, потребно е партнерот да го „варите“ некое време. Неколку часа пред да се видите, испратете му порака со експлицитна содржина или подобро ММС која е на граница со еротика.Доколку тое не е во ваша природа немојте на сила да се трудите да бидете нападни, туку само разбудете ја фантазијата, за да има за што да размислува до средбата.
Облечете се соодветно
Потрудете се вашата гардероба да биде жешка. Избирајте минимални фустанчиња и здолништа или уште подобро брановити проѕирни фустани со големи шлицови, за кои се врзуваат асоцијации за лесно соблекување и достапност. Високите потпетици се незаборавен детаљ, а зглобот кој е еден од најсексапилните делови на женското тело украсете го со ракавица за нога. Кога сме кај нозете не заборавте некој секси летен лак за нокти во виолетова боја. Заборавете на тешки парфеми и шминка. Летниот сексапил го дефинира благо вцрвенет тен, полумокра коса и сјајни усни. Кога вие сте во летно издание, време е да подразмислите за амбиентот.
Секси закуска
Олдете некое добро лесно вино. Подгответе фина закуска и десерт. Кога партнерот дошол, одложете ја интимата што подолго можете.Вечерајте, разговарајте со вино и музика, гледајте го долго и одлучно во очи, без да го тргнете погледот.Коа ситуацијата ќе постане неиздржливо врела, бидете подготвени како со вода за разладувањее така и до подготвено купатило за заедничко туширање или капење во пенлива купка.
Фантазирајте и експериментирајте
Зошто само базен и море може да бидат асоцијација на секс во жешки денови. Но, дали сте размислеле за тераса. Погледот на градот и летниот ветер можат да дејствуваат како афродизијак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.