| четврток, 6 декември 2018 |

Кратките здолништа забранети за руските полицајки (фото)

Министерството за внатрешни работи на Русија реши да ја смени униформата на руската полиција, односно ги забрани кратките сукњи, јавува „Москва тајмс“.

– Кога се среќаваш со луѓе, првото нешто што го гледаш е нивната облека, а за полицаецот што ја исполнува својата должност, од клучно значење е да изгледа уредно и средено. Одвреме-навреме гледаме примери на полицајци што неправилно ги носат своите униформи. Шефовите на сектори мора да му посветат поголемо внимание на изгледот на своите потчинети, рекол заменик-министерот за внатрешни работи, Сергеј Герасимов, во меморандум што го добил рускиот весник „Известија“.

article-1385131-0bf94b7a00000578-556964x632

„Москва тајмс“ објави дека забраната била воведена за да се спречи растечкиот тренд на кратење на сукњите на полицајките, како и тенденцијата полицајците да ги кратат ракавите на своите кошули.

1304710513-rehearsal-victory-day-military-parade-st-petersburg681789

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top