Првата приватна нискотарифна авиокомпанија во Хрватска, Далмејшн банкротираше една недела пред да биде извршен првиот лет планиран за 30 јуни, објави Јутарњи лист.
– За наша голема жал, Далмејшн донесе одлука да прекине со продажбата на билети заради повлекување на еден од инвеститорите, се вели во соопштение од компанијата. Авиокомпанијата истакнува дека одлуката е донесена за да се заштитат интересите на патниците и оти не очекува таа ситуација наскоро да се промени.
Далмејшн, според медиумот, е во сопственост на Жељко Ромиќ иселеник во Австралија. Се очекуваше компанијата да врши летови од Загреб до 12 европски града.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.