| четврток, 6 декември 2018 |

Заведи го по негови правила

seksi

Однесувај се како дама, размислувај како маж – техника што многумина ја споменуваат како клучна за успех со мажите. Ако секогаш се трудите, а ретко кога имате успех, можеби не би било лошо кон идниот маж да се однесувате токму како маж. 

Биди ми блиску, но доволно далеку

Секоја од нас барем еднаш била фасцинирана од мажот што секогаш изгледа истовремено блиску и далеку. Тој е тука кога сака да биде, а има способност речиси во целост да исчезне кога ќе го посака тоа. Чувството на лична слобода е нешто што мажите многу го ценат, а ќе го цените и вие еднаш кога ќе го искусите.

Земи повеќе отколку што даваш 

Знаеме, сакате да давате и тоа ве прави среќни, но повеќето мажи брзо се заситуваат од жената што постојано се дава. Ако навистина сакате да бидете среќни, морате да дозволите тој да ве импресионира вас, а освен што ќе уживате во вниманието, ќе добиете почитување бидејќи ќе знае дека околу вас сепак треба малку да се потруди.

Планирај за себе 

Се сеќавате на она момче со кое отсекогаш сте сакале да правите нешто, а тој секогаш имал свои планови што не го вклучувале вашето присуство. Токму тоа однесување морате да го воведете кај себе. Ако сакате да излезете – излезете, ако ви се прашува – прашајте. Тој ќе тргне со вас ако е подготвен, ако не е, ќе одите сама и нема да седите дома размислувајќи колку би можело да ви биде убаво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top