Сегашната криза во Македонија е социо-економска, а Македонија има 60 проценти на невработени млади лица, изјави грчкиот европратеник Николаос Чунтис за време на дискусијата во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент каде се расправше за Резолуцијата за Република Македонија.
Според Чунтис не е само Грција таа што става пречки на пристапот на нашата земја кон ЕУ и дека прашањето за името не е билатерален проблем.
Гркинката Мариета Јанаку запрашала дали ЕП знае кој е денеска реалниот проблем „со оваа земја“ како што ја нарекува Македонија. Според неа, Грција не е таа што блокира, туку проблемот со судството, корупцијата, слободата на медиумите, политиката, решавањето на спорот за името… Таа побара и да не се одложува гласањето за Резолуцијата и со тоа реално да не се оцени ситуацијата во земјата.
– Тоа е нереално. Да и погледнеме на реалноста в очи и да не правиме маска. Извештајот треба да ја рефлектира реалноста на терен, а таа е дека набрзо нема да се подобри ситуацијата во земјата! Таму има конфронтации, посочи Јанаку.
Кон нејзиниот апел се приклучи и Бугаринот Евгени Кирилов, според кого треба да има сериозна загриженост за демократските стандарди во врска со луѓето во Македонија кои се чувствуваат со поинаква етничка припадност, спомнувајќи „мегаломански планови што се прават во Скопје“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


