Во која држава мажите обожаваат да се спуштат „таму-дому“?
Италија. Она што за Италијанците се лебот и маслинките на маса, тоа е кунилингусот во креветот. Но, неговата цел, во најголемиот број случаеви е да го „потхрани“ машкото его. „Тоа прави мажите да се чувствуваат задоволно и гордо во текот на „настапот“ – објаснува Гаја Полони, секс терапевт од Милано. „Многу жени од Италија не се задоволни од техниката на нивниот партнер“. Всушност истражување направено од Durex открива дека 86% од Италијанците го достигнуваат врвот за време на секс, наспроти 48% од Италијанките. Ова е случај кога на желбата и недостасува техника. „Една од работите кои жените ми ги кажуваат е дека мажите не ги користат прстите, туку само јазикот“ – објаснува Полони. „Тие преферираат симултана стимулација на вагината и клиторисот“. Уште една жалба: мажите не ги забележуваат клучните женски сигнали. „Обратете внимание на нејзиното дишење и потези. Доколку таа е возбудена, веројатно ќе мрда со колковите. Ако се мрда побрзо и вие забрзајте и обратно“ – објаснува Гаја Полони.
А пак, во која држава жените обожаваат орално да ги задоволуваат мажите?
Бразил. Многу жени во светот се со став „Го правам тоа бидејќи тој го обожава“. А тоа некако и нее премногу возбудливо, зар не? Девојките во Бразил, од друга страна, го сметаат давањето орално задоволство како лична сатисфакција. „Нивното задоволство произлегува од задоволувањето на партнерот. Се чувствуваат моќни додека мажот се возбудува“ – вели доктор Абдо. Затоа и не е случајност тоа што, според истражувањето на Durex, Бразилците го имаат највозбудливиот сексуален живот на светот.
Но како од нејзиното прифаќање да створите ентузијазам? „Повеќе пати сум ги прашала жените зошто го избегнуваат давањето орален секс?“ – вели Енглерова. Според неа, за многу жени тоа претставува понижување или должност.
Комуникацијата е најважна. Нека биде јасно дека вие на оралниот секс гледате како љубовен чин – или дури и чин во кој таа ве става во потчинета состојба. Можете да ги срушите нејзините сексуални бариери дури тогаш кога ќе сфатите зошто воопшто постојат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.