| четврток, 6 декември 2018 |

Досега издадени 1.500.000 електронски здравствени картички

elektronska-

Вкупно 1.500.000 електронски здравствени картички (ЕЗК) досега се издадени од страна на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, што е 85 проценти од бројот на активните осигуреници во Фондот. Во Македонија 50.000 граѓани не поднеле барање за издавање на ЕЗК.
Ова денеска го изјави Бранко Аџигогов, советник на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Тој посочи дека во моментот 225.000 електронски здравствени картички се наоѓаат во подрачните служби на Фондот, од кои 125.000 се во скопската подрачна служба, каде што 50.000 осигуреници пензионери не ги подигнале своите ЕЗК.
– Тринаесет илјади пензионери, од кои најголем број во Скопје, не поднеле барање за издавање на ЕЗК. Апелирам пензионерите да поднесат барање за издавање ЕЗК и да си ја подигнат со цел во септември да нема турканици на шалтерите чиј број за издавање ЕЗК планираат да го намалат. Роднини на пензионерите во нивно име со овластување на рака и со лична карта може да ја подигнат нивната електронска здравствена картичка – рече Аџигогов.
Според законот, укажа тој, подигнувањето мора да биде од страна на осигуреникот, но за оваа категорија осигуреници правиме остапка.
– Во шест града, меѓу кои Свети Николе, Кратово, Македонски Брод, Виница итн., сите осигуреници имаат подигнато ЕЗК, а 18 града се со над 90 процентна издаденост на ЕЗК. ЕЗК не е само замена за сините картони, туку претставува и влез во електронскиот здравствен систем во Македонија и услугите кои почнаа да се нудат на осигурениците оваа година можеме да кажеме дека се прифатија од матичните лекари и од осигурениците – истакна Аџигогов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top